ПОЛИТИКА И УСЛОВИ НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ/УСЛУГИТЕ

Оваа политика се однесува на испораката на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани на адресата за испорака која задолжително треба да ја наведете при креирање на нарачката. Покрај адреса задолжително е да се остави и македонски телефонски број со цел лицето да се контактира при достава од страна на курирот кој ја доставува нарачката.

Купувањето преку нашата интернет страница може да го реализирате од било кој дел на светот, но испораката може да ја спроведеме само на територијата на Република Македонија.

Во Охрид, нарачките пристигнуваат во рок од 1-2 работни денови (за времетраењето на доставата не се сметаат викенд, празници или други неработни денови).

Во останатите градови од Македонија, нарачките пристигнуваат во рок од 3 до 5 работни денови (за времетраењето на доставата не се сметаат викенд, празници или други неработни денови).

Доставата на производи порачани по електронски пат низ Македонија се извршува преку Карго Експрес или некоја друга компанија доколку истите не се во можност да извршат достава во моментот на испраќање.

Производите и нивните цени се истакнати на оваа интернет-страница, без ДДВ бидејќи Арт Спејс Дизајн ДООЕЛ не е ДДВ обврзник.

Плаќањето на производите генерално е со кредитна / дебитна картичка на сите производи (особено персонализирани), а може и со плаќање во готовина при достава (сите освен персонализирани производи).

Цените за испорака се движат од 100 до 160 денари за направени нарачки под 1500 денари. БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА имате за нарачки над 1500 денари, а доколку плаќате при достава, а не онлајн со картичка, околу 200 денари поради трошоците за откуп на пратката.

Покрај поштенските трошоци (трошоци за испорака) кои се напоменати и нагласени при нарачката кај крајната цена на производот, треба да ја платите и целата цена за производот/ите на курирот за достава доколку плаќате при достава.

Доколку платите со картичка, треба да платите само трошоци за испорака при доставата на производот на курирот за достава.

Ако Вашиот износ на нарачки е поголем од 1500 денари и во двата случаеви, доставата е бесплатна низ целата држава, и плаќате само за производот доколку претходно не сте платиле онлајн со платежна картичка.

Сите наши производи се креативно спакувани и при нарачката истите би ги добиле во ќеса подготвени како подарок.

Арт Спејс Дизајн ДООЕЛ го задржува правото да објавува називи, модели и други информации за производот на англиски јазик, кога:

– Постои ризик од губење на битни информации при преводот;

– Нема иста или слична терминологија на македонски јазик;

ПОЛИТИКА НА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА ПО ТРАНСАКЦИЈА СО ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ

„Арт Спејс Дизајн Дооел“ ќе врши поврат на средствата на купувачот доколку биде направена погрешна уплата, а правото може да се оствари со доставување писмено барање и доказ за уплата, при што во барањето ќе се наведат датумот и износот на извршената погрешна уплата.

ПОЛИТИКА ЗА ВРАЌАЊЕ И ЗАМЕНА НА ПРОИЗВОДИ

Купувачот има право да врати купен производ во период од 15 дена од датумот на испорака, под услов производот кој се враќа да е во иста физичка состојба во која е испорачан, неотпакуван и неупотребуван, со сите етикети и ознаки кои ги имал при приемот.

Купувачот има право да врати купен производ во рок од 5 дена од приемот на производот, доколку производот не соодвестува на сликите и квалитетот во описот на веб страната.

Не правиме замена или враќање на веќе персонализирани производи на кои се испечатени лични податоци, име или специјално дизајнирана порака, бидејќи истото не ќе може повторно да се продаде.

За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да не контактирате на телефонскиот број 077 98 11 22 или да поставите прашање на некој од нашите контакт меилови.