Неверојатно е колку едно мало парче со големина 5 x 9 cm може да има силно влијание врз вашиот бизнисот. Со неа на располагање ви стојат 5 до 10 секунди за да направите впечаток кај лицето што ја добива.

Бизнис-картата за претприемачот претставува исклучително вредна маркетиншка алатка. Сепак, дизајнот на визит-картата и нејзината важност како одраз на брендот честопати се занемаруваат.

Визит-картата треба да пренесе порака за тоа каква личност сте вие. Таа треба да биде ваш личен репрезент. Преку неа луѓето добиваат впечаток за тоа каква услуга може да очекуваат од вас.

Еве неколку примери на визит-карти што со употреба на различни текстури, видови печати и уникатни дизајнерски решенија кои успеваат да остават силен впечаток.