ПОЛИТИКА И УСЛОВИ НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ/УСЛУГИТЕ

 

Оваа политика се однесува на испораката на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани на адресата за испорака која задолжително треба да ја наведете при креирање на нарачката.

Купувањето преку нашата интернет страница може да го реализирате од било кој дел на светот, но испораката може да ја спроведеме само на територијата на Република Македонија. 

Во Охрид, нарачките пристигнуваат во рок од 1-2 работни дена (за времетраењето на доставата не се сметаат викенд, празници или други неработни денови).

Во останатите градови од Македонија, нарачките пристигнуваат во рок од 3 до 5 работни дена (за времетраењето на доставата не се сметаат викенд, празници или други неработни денови).

Доставата на производи порачани по електронски пат низ Македонија се извршува преку Карго Експрес или некоја друга приватна компанија за достава во зависност од слободните оператори.

Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на оваа интернет-страница.

Плаќањето на производите генерално е со кредитна/дебитна картичка на производите кои се персонализирани а може и со плаќање во готовина при достава на обичните и неперсонализирани производи. Поштенските трошоци се вклучуваат при нарачката во крајната цената на производот доколку плаќате при достава. Доколку платите со картичка, треба да платите само карго трошоци при доставата на производот, но доколку Вашиот износ на нарачки е поголем од 1500 денари, доставата е бесплатна низ целата држава.

За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака, можете директно да нè контактирате телефонски или да поставите прашање во делот за е-контакт.

ПОЛИТИКА НА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА ПО ТРАНСАКЦИЈА СО ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ

„Арт Спејс Дизајн Дооел“ ќе врши поврат на средствата на купувачот доколку биде направена погрешна уплата, а правото може да се оствари со доставување писмено барање и доказ за уплата, при што во барањето ќе се наведат датумот и износот на извршената погрешна уплата.

ПОЛИТИКА ЗА ВРАЌАЊЕ И ЗАМЕНА НА ПРОИЗВОДИ

Купувачот има право да врати купен производ во период од 15 дена од датумот на испорака, под услов производот кој се враќа да е во иста физичка состојба во која е испорачан, неотпакуван и неупотребуван, со сите етикети и ознаки кои ги имал при приемот.

Купувачот има право да врати купен производ во рок од 5 дена од приемот на производот, доколку производот не соодвестува на сликите и квалитетот во описот на веб страната.  

Не правиме замена или враќање на веќе персонализирани производи на кои се испечатени лични податоци, име или специјално дизајнирана порака, бидејќи истото не ќе можеме повторно да го продадеме.

Доставата на производи порачани по електронски пат низ Македонија се извршува преку Карго Експрес или некоја друга компанија доколку истите не се во можност да извршат достава во моментот на испраќање.

Пратката секогаш ќе ви биде доставена на адресата која е наведена во формата при нарачка. Покрај адреса задолжително е да се остави и македонски телефонски број со цел лицето да се контактира при достава. 

Плаќањето на производите може да биде со кредитна/дебитна картичка на сите производи или со плаќање во готовина при достава (освен за персонализирани производи).

Цените за испорака се движат од 100 до 150 денари за нарачки до 1500 денари, бесплатна испорака за нарачки над 1500 денари, а доколку плаќате при достава а не онлајн, околу 200 денари поради трошоците за откуп.

Сите наши производи се креативно спакувани и при нарачката истите би ги добиле во ќеса подготвени како подарок. 

Арт Спејс Дизајн го задржува правото да објавува називи, модели и други информации за производот на англиски јазик, кога:

– Постои ризик од губење на битни информации при преводот

– Нема иста или слична терминологија на македонски јазик

За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да не контактирате телефонски на 077 98 11 22 или да поставите прашање на некој од нашите контакт меилови.