УСЛОВИ И ПОЛИТИКИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКА ТРГОВИЈА

Со самиот пристап на интернет-страницата на „Арт Спејс Дизајн Дооел“ и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.

„Арт Спејс Дизајн Дооел“ ги задржува правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.

Сите производи како и дизајни, цртежи и пораки се во сопственост на „Арт Спејс Дизајн Дооел“ и не е дозволено да се превземаат, користат или препродаваат без претходна дозвола. Нивната неавторизирана употреба е строго казнива. Производите на „Арт Спејс Дизајн Дооел“ се продаваат исклучиво онлајн а дел од производите кои се со персонализација мора да бидат нарачани и платени однапред како би имале време да ги изработиме.

ПРАВНИОТ СУБЈЕКТ АРТ СПЕЈС ДИЗАЈН ДООЕЛ НЕ Е ДДВ ОБВРЗНИК.*
*Согласно ова цените на крајните производи не се изразени со ДДВ и се крајни цени на производите.