Како принцезите на Walt Disney би изгледале во 2016?

Младиот бразилски уметник Isaque Areas се одлучил да ни покаже како Дизниевите принцези би изгледале денес ако тие природно би биле подложни на стареење. Уметникот со ова сакал да покаже дека и покрај тоа што луѓето стареат тие сепак можат да зрачат со својата енергија и да бидат и на тие години шармантни и привлечни. Преку следниве слики ве покануваме да ги разгледате и воочите разликите на принцезите и да видите колку истите физички се измениле почнувајќи од годината на објавување во етер на анимираниот цртан филм. Уживајте!

Снежана - најстарата принцеза која сеуште го поседува шармот кој извира од нејзините очи
Пепелашка - гламурот на Пепелашка останува да сјае и на 85 години
Аурора - оваа заспана убавица сеуште блеска и на 73 години.
Ариел - 43-годишната Ариел успешно ја пронашла фонтаната на младоста
Бела - без сомнение, ѕверот сеуште е заљубен во Бела
Јасмин - Аладин мора да биде фасциниран од новиот изглед на неговата привлечна и убава жена
Покахонтас - таа сеуште изгледа моќно и храбро дури и на 39 години
Мулан - оваа принцеза е најмлада од сите принцези и изгледа како тинејџерка на 34 години