Логоата на познатите брендови се насекаде околу нас – на ТВ рекламите, на пат кон работа, на маички, пенкала… А, речиси 90% од времето воопшто не сме ни свесни за нивното сокриено значење.
Што навистина значат логоата на познатите брендови?
Chanel
Логото го измислила самата Коко Шанел кога престојувала во замокот „Chateau Cremat“, а била инспирирана од лаковите кои биле насекаде во замокот. Интересно е што логото ги прикажува и нејзините иницијали.
За логото на „Google“ одбрани се трите основни бои: црвената, жолтата и сината, но подоцна била додадена и една зелена буква со идеја да се потенцира дека „Google“ ги руши стереотипите.
Gillette
На прв поглед логото изгледа како само да има букви, но ако погледнете подобро кај буквите G и l ќе го забележите познатиот жилет.
Mitsubishi
Логото на овој бренд се состои од 3 дијаманти кои симболизираат: доверливост, интегритет и успех, а црвената боја е одбрана за да симболизира самодоверба.
Nike
Во 1975-та година студентката Керолин Дејвидсон земала само 35$ за ова лого кое тешко дека од прва ќе препознаете дека ја прикажува грчката божица Најк која ги инспирирала војниците да победат.
Le Tour de France
Можеби сте го виделе стопати ова лого, но дали сте успеале да забележите дека во него е прикажан велосипедист?
McDonald’s
Архитектот на рестораните дошол до идеја да направи златни лакови за столбови кои ќе бидат нешто препознатливо за брендот за брза храна. Подоцна, кога сакале да го сменат логото, психологот Луис Ческин, потенцирал дека лаковите потсетуваат на гради и безгрижно детство.